Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Османи во посета на Косово

Заменик-претседателот на Владата, Бујар Османи, денеска престојува во еднодневна работна посета на Република Косово, каде што ќе оствари средби со претседателот на Косовo, Хашим Тачи, како и со потпретседателот на Владата на Косовo, Енвер Хоџај.

На средбите ќе бидат отворени прашањата за напредокот во меѓусебната соработка меѓу Македонија и Косово, очекувањата од претстојните самити на Европската Унија, и воопшто, европските перспективи на земјите од Западен Балкан.