24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Овие вработени на државна сметка направиле нешто поради што добија пријави од полиција

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(58) од Охрид и О.Л.(49) од Струга за ,,лоупотреба на службена положба и овластување“.

Во период од февруари 2012 година до ноември 2015 година, првопријавената, како помошник директор за економски работи во ЈЗУ Општа болница Охрид изготвила 13 наредби за прекувремена работа со невистинита содржина, додека второпријавената, како шеф на отсек за комерција и јавни набавки во ЈЗУ Општа болница Охрид, изготвила 10 наредби за прекувремена работа со невистинита содржина, при што истите ги завериле наредбите со свои потписи, како и со факсимилот со скратен потпис од директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид, без овластување од него.

Пријавените, за да ги потврдат изготвените наредби, и ги дале службените картички за редовност на хигиеничарката, и со усна наредба ја задолжиле да врши отчитување на истите во 20 часот, и покрај тоа што пријавените останувале на работните места до 16 часот. Со ова пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 141.746 денари, на штета на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Спонзорирано: