7.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ вечерва упати моќна порака до ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ треба да се охрабри и да каже ДА, за македонската иднина. ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи зајакнувањето и обзбедувањето на македонскиот идентитет, еднаш-засекогаш. Граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи иднината туку да даде поддршка на решението на 25 годишниот спор, што со децении земјава ја влечеше надолу. По 25 години стагнирање, Македонија нема повеќе генерации за губење, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ треба да каже ДА за референдум на којшто граѓаните ќе го имаат последниот збор. „ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговороност и да каже ДА за решението кое што обезбедува членство на Македонија во НАТО и полноправно членство во Европската унијата! ДА, за иднината на сите граѓани, ДА, за македонската иднина!“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: