19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Полицијата во ноќна акција: Полицајци “влегоа” во познат угосителски објект, има приведени

Врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гостивар и Полициското одделение Галате ноќеска извршиле претрес во угостителски објект во село Неготино, Гостиварско, сопственост на Т.Ф.(49) од истото село.

При претресот, во објектот биле затекнати пет женски лица (три од Република Македонија и две од Република Албанија со регулиран престој) кои работеле како пејачки и танчерки, како и две машки лица вработени како келнер и шанкер.

Исто така, при претресот биле пронајдени девет најлонски кесички со остатоци од прашкаста материја и една чинија со траги од истата материја. Сите предмети биле одземени со потврда за одземени предмети, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

фото архива/илустрација

Спонзорирано: