19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Османи: Прерано е да се каже каков ќе биде исходот од преговорите, последните метри се најкритични

Наредните часови ќе бидат клучни за одлучување за исходот од преговорите меѓу Македонија и Грција.

Сметам дека е прерано да се каже каков ќе биде исходот, но сметам дека се последните метри на еден 25-годишен маратон, а обично последните метри се најкритични, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Тој вели дека и од двете страни има волја за затворање на ова прашање и дека од страна на двете влади има активен ангажман. „Мое чувство е дека разликите се повеќе во интерпретацијата на напишаното отколку во генералните принципи што ги искажуваат страните во разговорите“, рече Османи.

Тој повика на разбирање и внимателност од сите бидејќи, како што рече, во последните критични чекори многу е лесно да се измести фокусот. „Барам разбирање од вас да бидеме внимателни во овој период бидејќи во последните чекори многу е лесно да се изместите поради преоптовареност на преговорите и емоциите, така што треба да бидеме внимателни и да видиме каков ќе биде исходот во наредните часови и денови“, рече Османи.