15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Можно е укинување на вонредната состојба по изборите, најави Ердоган

По изборите на 24 јуни, Турција би можела да ја укине вонредната состојба, воведена набргу по неуспешниот државен удар во 2016 година, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во интервју за „Си-ен-ен Турк“, Ердоган рекол дека за укинувањето на вонредната состојба ќе разговара кога ќе бидат одржани предвремени претседателски и парламентарни избори закажани за крајот од месецов.

Изборите ќе бидат одржани повеќе од една година порано од планираниот термин.

Турскиот парламент од 2016 година седум пати ја продолжи вонредната состојба.