11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка во Скопје – девојка итно пренесена во ургентен

Дваесет годишна девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на крстосницата од ул. „Козле“ со ул. „Миле Поп Јорданов“ во Скопје. До несреќата дошло кога возилото „Фиат Пунто“ управувано од 20-годишен скопјанец се судрило со возилото „Сеат Атека“ управувано од 38-годишен скопјанец.

Од судирот со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Фиат Пунто“, Н.С. (20) од Скопје.

Таа била пренесена и задржана на лекување во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.