27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поради брзинско-ридски трки, викендов привремено ќе биде затворен патот до Средно Водно

Дел од улицата Тодор Александров, на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИС), и патот до Средно Водно викендов ќе бидат затворени за сообраќај поради брзинско-ридски натпревар во автомобилизам, информираат од Град Скопје.

Поради натпреварот „Награда на Скопје Водно 2018“, привремениот сообраќаен режим на овие места ќе важи в сабота од 8 до 16 и в недела од 8 до 15.30 часот.

„Исто така, возилата на автобуските линии што го поврзуваат градот Скопје и Средно Водно, 25, 25 а и 25 б нема да сообраќаат, освен автобуската линија 25 со редовен возен ред по 16 часот в сабота, односно 15.30 часот в недела“, соопштуваат градските власти.

Исто така, се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.