23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мислеа сите дека тоа ќе биде обична полуматура: Детали за ужасот што се случи во Прилеп

За време на прослава на полуматура од основно училиште „Климент Охридски“ во хотел во Прилеп, непознато лице се обидело со остар предмет да го нападне 61-годишниот наставник С.Ј. од Прилеп.

Сторителот се качил на терасата и му се заканил на наставникот, кој седел на една од масите на терасата, дека ќе го избоде со нож. Тој бил спречен од присутните, по што наставникот влегол во салата од хотелот.

Во тој момент сторителот потрчал по него со шилест предмет во раката. За да се заштити, наставникот турнал столица накај лицето, по што бил совладан од обезбедувањето во салата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.