8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: Нема да ветуваме брда и долини како СДСМ

Јавноста знае дека оваа власт предводена од Зоран Заев ја турка Македонија во жив песок и само картелот на власт има корист, а сите други се осиромашуваат. Тоа мора веднаш да престане, порача Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
https://www.youtube.com/watch?v=bJdvHzYiZZE
„Протестот беше почеток на крајот на овој картел околу Заев, кој донесе пад на стандардот, поскап живот, стагнација на платите и пензиите, стагнација на стопанството, економијата, земјоделството, образованието, како и бесцелни рекордни задолжувања кои се во висина од стотици милиони. Ние нема да ветуваме брда и долини како СДСМ, кој само по една нецела година, повторно мора да ги лаже граѓаните дека всушност тоа што го ветил никогаш не го ветил и нема да може да им го овозможи на граѓаните да го добијат“, рече Арсовски.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди мерка за намален ДДВ на 2 отсто за артиклите што се најпотребни и најкористени од страна на граѓаните, дополнителни даночни олеснувања за сите компании што ќе вложат во развој на нови работни места, намалување на акцизата, потоа вети изградба на нови болници и вложување во нов медицински кадар.
„Ќе понудиме перспектива на младите и секоја учебна година ќе дадеме директна понуда за вработување 500 студенти. Освен за студентите, повисок стандард ќе обезбедиме и за образовниот кадар, кој за време на нашиот мандат ќе има покачување на примањата од 50 отсто. Покачување ќе има и на пензиите на пензионерите, кое ќе достигне до 40 отсто. Ова им го ветуваме на пензионерите, кои сега се загрижени. Нека не се грижат, заедно со ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе дојдат подобри времиња и за пензионерите“, рече Арсовски.
Спонзорирано: