10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Не можам да се мешам во работата на судот, ѝ порача новата министерка за правда на Јанкулоска

„Сакам да порачам не само на госпоѓата Јанкуловска, туку и на сите кои што имаат постапки пред судовите, дали во улога на обвинети или странки во други постапки, дека времето на тефтерчиња и судии од тефтерчиња заврши. Мојата заложба ќе биде судството да го направиме независно и немам намера да се мешам, ниту во диктирање на водење на постапки во судовите, ниту пак какви судски одлуки ќе носат судиите“, рече новоизбраната министерка за правда Рената Дескоска.

Според неа, секој граѓанин треба да биде свесен дека судството е власт, која што е независна од извршната власт. „Извршната власт нема право ниту да се меша, ниту да укажува како да се водат одредени судски постапки, а уште помалку какви да бидат судските одлуки во постапките“ рече Дескоска.

Спонзорирано: