12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британија ќе ослободи 40 отсто од затворените терористи до крајот на годинава

Повеќе од 40 отсто од терористите осудени и затворени во изминатата деценија ќе се вратат на улиците во Британија до крајот на 2018 година откако отслужија прилично лесни казни, пренесува британски „Дејли експрес“.

Податоците собрани од страна на Советот за изрекување казни и анализирани од левичарскиот либерален „Гардијан“ покажуваат повеќе од 80 од 193 затворски казни изречени за тероризам во периодот од 2007 и 2016 година што ќе завршат до крајот на годината, но вистинската бројка може да биде многу поголема бидејќи британскиот затворски систем автоматски ги помилува криминалците кога ќе ја издржат половина од казната.

Така, на пример, проповедникот на радикалниот ислам, Анџем Чудари, беше затворен на пет и пол години поради повикот муслиманите да ја поддржат Исламската држава во септември 2016 година, но, всушност, ќе биде меѓу 80-те терористите ослободени до крајот на годинава.

„Терористичките затвореници пуштени на условна слобода ги оптоваруваат ресурсите и на специјалистичките противтерористички детективи и на стандардната полиција. Процесот на управување со ризици се користи за следење на оние што се на условна слобода, а следењето на високоризичните престапници е исклучително интензивно. Поранешните осудени терористи претставуваат загрижувачки ризик за МИ5 и за контратерористичкото полициско работење. Разузнавањето често е недоволно за да се утврди дали тие повторно имаат намера да го извршат делото. Оние што имаат намера да го повторат делото често се притајуваат извесен период по ослободувањето кога знаат дека се под засилен надзор,“ вели Ричард Волтон, кој пет годинија водеше антитерористичката команда на Скотланд јард.

„Напо“, синдикатот на службениците за условна слобода, исто така изрази загриженост поради капацитетот на нејзините членови за адекватно следење на напливот од поранешни терористи што излегуваат од затвор и се мешаат со пошироката јавност.

„Нашите служби се презафатени и немаат доволно вработени што резултира со огромни притисоци врз нив за да извршат исклучително предизвикувачка работа“, предупреди генералниот секретар на „Напо“, Јан Лоренс.

Спонзорирано: