22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поради дефект без вода ќе останат делови од Чаир и Центар

ЈП „Водовод и канализација“ известува дека денеска поради дефект на шибер од Ф-100 мм на булеварот Гоце Делчев кај ТЦ Мавровка (Бит-пазар), без водоснабдување од 9 часот до санирање на дефектот ќе останат корисниците од ТЦ Мавровка (општина Чаир).

Исто така, поради уличен дефект од Ф-80 мм , без водоснабдување од 8:30 часот до санирање на дефектот ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓоргов бр.4 и бр. 6, како и објектите на Ж.А.С , ул. Народен фронт бр. 3 и 4 (општина Центар).