10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја влече земјава назад во изолација

ВМРО-ДПМНЕ е единствената што одбива да го види напредокот на Македонија и наместо да се приклучи во реформите што ја движат Македонија, таа продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија тргна напред на патот на евроинтеграциите. Тоа е потврдено и со Извештајот на Европската комисија каде што е констатиран напредокот во сите области и се дава кристално чиста препорака за Македонија. Дополнително, Комисијата ја оцени Македонија како најдобра во регионот на Западен Балкан и Турција, за спроведување на препораките во економската програма за реформи“, се вели во реакцијата.

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да престане со обидите да ја влече Македонија назад во изолација и поделби и да им се извини на граѓаните за пустошот и грабежот што ги правеше 11 години. Времето на неуспеси за Македонија заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт. Македонија тргна напред по вистинскиот пат и враќање назад нема.

Спонзорирано: