12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Драстична промена на времето

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните и југоисточните планински делови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 9 до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од 26 до 32 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, со температура од 14 до 30 степени.

Во наредните денови продолжува периодот кога во претпладневните часови ќе биде претежно сончево и топло, а попладне ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Утре повеќе услови за нестабилност ќе има во западните делови. Од четврток до сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. До петок дневните температурите ќе бидат во благ пораст.

Спонзорирано: