9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жителите на Лондон нема да може да ги игнорираат уличните музичари поради немање ситно

Лондон наскоро ќе стане првиот град во светот во кој луѓето на улиците ќе можат да ги наградат уличните музичари дури и во ситуација кога немаат ситни пари во своете џебови.

Проектот кој треба да овозможи на уличните уметници да им се оставаат пари на дигитален начин, е лансиран од страна на градските власти на Лондон, во соработка со шведската компанија iZettle. Планот е на уличните музичари да им се обезбедат читачи на картички, но тие исто така ќе можат да примаат пари преку безконтактни картички и преносливи уреди.

Градоначалникот на британската престолнина, Садик Кан, вели дека овој проект ќе им овозможи на повеќе граѓани да ги поддржат уличните уметници.

„Улични перформанси им помогаат на младите уметници да вежбаат и да го надградуваат својот талент и им даваат можност да настапат пред голем број луѓе“, додава тој.

Долгогодишната уличен уметница, Шарлот Кампбел, е една од првите кои го тестирале новиот систем. Таа поставила читач на картички што на секој кој сака го награди нејзиниот перформанс, од банкарската сметка му зема само две фунти, пишува „Гардијан“.

„Верувам дека уличните изведувачи, кои не се прилагодуваат на новото време и безготовинското плаќање, се соочуваат со ризик да станат уметнички вид во изумирање“, вели Шарлот и истакнува дека нејзините приходи по поставувањето на новиот систем се зголемиле.

Спонзорирано: