17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кукаст крст на споменикот на Тито во Куманово, градоначалникот бара да се пронајдат сторителите

Кукаст крст и погрдни зборови синоќа осамнаа на спомен обележјето на споменикот на Јосип Броз Тито на плоштадот во Куманово.
Градоначалникот на општината, Максим Димитриевски споедлувајќи фотографија на социјалните мрежи, го осуди чинот и порача надлежните да ги пронајдат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата.
„Не е прв пат да се сквернават споменици од НОБ, ваквите нечовечки акти нема да не поколебаат да ги негуваме придобивките на партизаните од НОБ и Јосип Броз Тито кои се бореа против најголемо зло на човештвото фашизмот и ни овозможија да ние денеска живееме во слободна и независна држава Република Македонија“, додаде градоначалникот.
Случајот бил пријавен во МВР, 50 минути по полноќ.
На вчерашен ден, 25-ти мај, во поранешната Југословенска република се одбележуваше Денот на младоста.