3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пожар во малолетнички затвор во Бразил, има и мртви

Во пожар во привремен малолетнички затвор во Бразил загинаа и беа повредени повеќе лица, соопшти полицијата.

Пожарот ја зафатил зградата на поправниот дом за малолетници во градот Гојанија. Портпаролот на противпожарната бригада изјави пред новинската агенција „Асошиејтед прес“, дека во пожарот загинале повеќе лица, но во моментов не е познат нивниот точен број.

Порталот „Г1“, повикувајќи се на локалните официјални лица пренесе дека во пожарот загинале девет лица, како и дека се испитува дали притворениците го предизвикале пожарот.

Бразил е меѓу земјите кои имаат најголем број на затвореници. Експертите проценуваат дека околу 40 проценти од затворениците не се осудени или чекаат судење.