12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ирците на чекор да го легализираат абортусот

Мнозинство граѓани на Ирска гласале за легализација на абортусот, според прогнозите направени по налог на весникот „Ајриш Тајмс“.
По вчерашниот референдум во Ирска, прогнозите покажуваат дека повеќе од две третини од граѓаните гласале за легализација на абортусот и ја поддржале либерализацијата на законот со 68 наспроти 32 отсто гласови.
„Не се официјални резултати, но изгледаат добро“, порача на „Твитер“ ирската министерка за култура Јосефа Мадиган.
Пребројувањето на гласовите почнало во раните утрински часови и се уште е во тек.
Министерот за правда Чарлс Фланаган овие резултати ги опиша како уште еден голем чекор надвор од мрачното минато.
Граѓаните на референдимот биле запрашани дали сакаат да се поништи амандманот на уставот од 1983 година кој на нероденото дете и мајка им пружа еднакво право на живот.
Забраната на абортус во таа земја делумно е укината од 2013 година, но само во случаи кога животот на мајката е загрозен. Ирска е земја со силна католичка традиција чиешто законодавство е помеѓу најрестриктивните во Европа. Од 1983 година десетина илјади жени замнуваа во странство за да абортираат.
Спонзорирано: