8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нимиц: Нема конечно решение за името, двете страни ќе продолжат со работа

На средбите во Њујорк не е постигнато конечно решение за спорот со името, но двете страни ќе продолжат со работа до негово изнаоѓање. Ова го изјави медијаторот на Обединетите Нации во спорот со името, Метју Нимиц, по разговорите меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

„Разговаравме еден и пол ден и работевме многу. Прашањата се дефинирани и прецизирани, а преговорите интензивирани. Двете страни имаат важни позиции, а во прашање се националните интереси. Клучно е што тие ја препознаваат важноста на постигнувањето на решение по ова прашање, па одлучни се да го сторат тоа“, изјави Нимиц.

Медијаторот додаде дека Димитров и Коѕијас заминуваат за Брисел, каде ќе продолжи дијалогот.

Денешната средба меѓу двајцата министри траеше околу два часа, а вчерашната шест.

Спонзорирано: