14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силна експлозија на познатиот автопат: Се запали шлепер, ова се првичните детали

Силна експлозија одекна на автопатот Белград-Загреб кај Печинаца. Сообраќајот е во прекин, а во меѓувреме се создаде десет километарска колона на возила, соопшти „Б92“.

Неофицијално, се запалил шлепер кој превезувал парфеми, во правец кон Белград.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот. Официјалните лица за новинската агенција „Танјуг“ изјавиле дека на лице место се излезени пожарникарите и сообраќајната полиција и во моментов немаат информации дали е некој повреден.

Според зборовите на очевидците, по силната експлозија следеле уште неколку послаби.

Наскоро повеќе детали.

Спонзорирано: