17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Разговарам со Северна Кореја, можно е одржувањето на самитот

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека Америка е во преговори со Северна Кореја и додаде дека и понатаму е возможно одржувањето на откажаниот самит,

Трамп пред новинарите рече дека ќе почека за да види што ќе се случува, но првично договорениот датум и понатаму останува во игра.

„Тие навистина сакаат да го направат тоа, и ние сакаме“, изјави Трамп.

Претседателот вчера ја откажа средбата со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, меѓутоа не ја отфрли можноста да се предомисли.