14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров во Хаг: Холандска поддршка за членството во НАТО

Вториот ден од работната посета на Хаг, министерот Димитров го заокружи со средба со Стеф Блок, министер за надворешни работи на Холандија. Министерот Блок го поздрави периодот на стабилност во земјава, нагласувајќи ја потребата од континуиран напредок. Димитров ги образложи чекорите преземени од страна на Владата на внатрешен и надворешен план, како и нивната заемна поврзаност. Министерот Димитров нагласи дека ЕУ интеграцијата е најдобрата трансформациска алатка во поддршка на реформскиот процес.

„Целосно го прифаќаме холандскиот „строг и фер“ пристап кон ЕУ интеграцискиот процес. Тоа е формула која на Република Македонија и’ е потребна поради трансформација на државата во стабилна европска демократија”, изјави тој.

Димитров имаше обраќање и пред членовите на Комисијата за европски прашања во парламентот на Холандија. Пред холандските пратеници, Димитров нагласи дека намерата не е да се одбегнуваат проблеми, туку истите да се решаваат. „Во однос на ЕУ интеграцијата, поважни од прашањето „Кога?”се прашањата „Како?” и „Што?” во остварување на реформски напредок”, рече министерот.

Генералниот секретар во Министерството за одбрана, Вим Хертс на средбата со МНР Димитров упати пораки на поддршка за НАТО членството на Република Македонија. Министерот се сретна и со Мартијн Лукасен, советникот за ЕУ прашања на премиерот на Холандија, како и со Матијс ван дер Плас, генерален директор за европска соработка во холандското МНР.

Спонзорирано: