8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За две недели, СДСМ ја задолжи државата над 25 милиони евра, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Криминалниот картел на Заеви ја узурпира државата и ја однесе на работ на амбис. СДСМ во текот на утрешниот ден планира да ја задолжи државата со нови 16 милиони евра. Триото Заев-Тевдовски-Анѓушев додека секојдневно ја уништува економијата во Република Македонија, ги задолжува граѓаните со милионски суми, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, најавеното ново задолжување во текот на утрешниот ден во висина од 16 милиони евра е уште еден показател дека оваа Влада на СДСМ нема капацитет да ја води државата. „За првите 3 месеци во оваа година криминалниот картел ја задолжи државата со нови 300 милиони евра. За 2 недели, СДСМ ги задолжи државата и граѓаните над 25 милиони евра. Психолошката граница на јавниот долг од 5 милијарди евра е помината. Граѓаните се во страв и паника за сопствената иднина и иднината на своите деца. На Република Македонија ѝ се случува економско цунами. Секојдневно сме сведоци на нерационални задолжувања, а нови проекти нема. Нема нови инвестиции, нема нови работни места, нема повисоки плати, пензии и стипендии, нема нови болници, градинки, училишта и студентски домови, нема нови инфраструктурни проекти. Зоран Заев и другите од картелот не кажуваат каде завршуваат овие милионски суми со кои ги задолжуваат граѓаните. Ветуваа живот, создадоа криминален картел.
Криминалниот картел што ја узурпира државата мора да се разбие и да падне. Граѓаните заслужуваат подобро“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: