Во Ерусалим денеска ќе биде отворена новата Амбасада на САД во Израел, потег што предизвика масовни протести на Палестинците.
Датумот на отворањето на Амбасадата е внимателно избран за да се поклопи со Денот на Ерусалим, 51-годишнината, што Израелците ја нарекуваат обединување на градот по војната во 1967 година.
Се очекува на отворањето да присуствуваат многу странски високи функционери, а од САД ќе присуствуваат ќерката и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп – Иванка Трамп и Џаред Кушнер. Трамп ќе се обрати на присутните преку видеолинк.
Израел го анектира источен Ерусалим во 1967 година, а овој потег меѓународната заедница никогаш не го призна. Палестинците сакаат источен Ерусалим да биде престолнина на нивната идна држава и сметаат дека преселбата на Амбасадата на САД од Тел Авив е едностран потег со кој на САД им се одзема титулата посредник за обезбедување на мирот на Блискиот Исток.
По Вашингтон, одлука за преселување на своите амбасади донесоа Гватемала и Парагвај.