14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Запрен сообраќајот на шест патишта поради вулканот на Хаваи

Сообраќајот на шест патишта е запрен во Хаваи поради сеизмичка активност во подрачјето околу вулканот Килауеа кој се активираше на 3 мај. На Хаваите се очекува нова ерупција на вулканот Килауеа кој е активен од почетокот на месецот. Властите најави евакуација на уште еднa локација на островот Хаваи поради зголемувањето на бројот на ву лкански пукнатини по ерупцијата на Килауеа.

При повлекувањето на лавата од врвот во внатрешноста на вулканот, таа се разлева под земјата, поради што научниците предупредуваат дека може да избие на површината и дека на сите им се заканува опасноста да се појави огромна количина отровни материи во воздухот кои можат да предизвикаат гушење и труење.

Вулканот беше проследен со земјотрес со јачина од 6,9 степени. Лавината уништи повеќе од 35 домови и згради во регионот. Нема жртви како резултат на ерупцијата.

Спонзорирано: