10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Утре средба меѓу Димитров, Коѕијас и Нимиц во Сунио, Грција

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во присуство на личниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц.

Средбата ќе се одржи во Сунио, Грција, со почеток во 10.30 часот по локално време, соопштија од МНР.

Министрите за надворешни работи од вишеградската група и четири балкански членки на ЕУ денеска се состанаа во Сунио, јужно од Атина, во пресрет на самитот во Софија следната недела, каде што разговараа за енергетика, иднината и проширувањето на Европската Унија.

На состанокот учествуваат шефовите на дипломатиите членки на вишеградската група – Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, како и министрите на Грција, Бугарија, Романија и на Хрватска.

На состанокот како набљудувачи се повикани и министрите за надворешни работи на земјите што чекаат да влезат во ЕУ – Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија, како и нивните колеги од Словенија и Кипар.

Спонзорирано: