23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Небезбеден производ од Кина во Македонија- сите потрошувачи што го купиле ова може да го вратат (фото)

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите за отповикување на небезбеден производ „златни пластични вилушки“ произведени во Кина, со лот бр. AZ-161224.

Информацијата за небезбедниот производ е добиена преку системот РАСФФ на ЕУ.

– Производот е небезбеден заради наод на високо ниво на вкупна миграција. Веднаш по добиеното известување, надлежен Државен инспектор за храна изврши вонредна инспекциска контрола кај увозникот и согласно презентираната документација за следливост констатирано е дека производот не е најден во промет.

Сите потрошувачи кои што го купиле небезбедниот производ може да го вратат на местото каде што го купиле, велат од АХВ.

Спонзорирано: