23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пожар во фабриката „Железарница“

Во кругот на фабриката „Железарница“ синоќа избувнал пожар. Според информациите од Градот Скопје, пожарот бил изгаснат и нема повредени. Во гасење на пожарот биле ангажирани 9 возила со 21 пожарникар.

„Од засега непознати причини, околу 21:30 избил пожар во кругот на ‘Железарница’, на местото викано Челичарница, отпад за старо железо“, информираат од Градот Скопје.

Првично во гасење на огнот реагирале службите на „Железарница“, а потоа побарале помош од Противпожарната бригада на Град Скопје.