5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Иванов во работна посета на Турција

Претседателот Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Република Турција. Во рамки на посетата тој во Сивас на престижниот универзитет „Џумхуријет“ ќе одржи предавање на тема: „Ататурк и Македонија“.

Универзитетот „Џумхуријет“, на кој се образуваат над 56 000 студенти годишно и е составен од 17 факултети, четири институти, пет колеџи и 14 стручни училишта, ќе му додели почесен докторат на претседателот Иванов. За време на престојот македонскиот претседател ќе оствари средба со градоначалникот и со гувернерот на Сивас.

Во рамки на работната посета на Турција, претседателот Иванов во Истанбул ќе учествува и ќе се обрати на Глобалниот форум за лидерство кој годинава се одржува на тема „Променливиот изглед на регионите во светло на глобалните парадигми за одржливост: Крстопатот на меѓународните алијанси“. На Глобалниот форум за лидерство учествуваат политичари, амбасадори и истакнати професори од Турција и од светот.