12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Могерини: ЕУ е посилна од пред две години

Шефицата на дипломатијата, Федерика Могерини смета дека ЕУ е многу посилна од пред две години кога беше во состојба на длабока криза.

„Европскиот начин за постигнување мир и безбедност подразбира безбедноста да доаѓа само со помирување, надминување на старите конфликти и војни“ порача Могерини.

Високата претставничка на ЕУ за одбрана и безбедност, оценува дека светот денеска се наоѓа во состојба на хаос каде конфликтите и конфронтациите преовладуваат над разумот.

„Кога работите не одат добро, рационалноста, смиреноста, почитта и дијалогот се најпотребни за да се избегне најлошото сценарио, да се спречи конфликтите да излезат од контрола, да се задржат тензиите и да се сочува она што е функционално и што дава резултати, како што е случајот со иранскиот нуклеарен договор“ изјавила Могерини.

Иако зајакната, според Могерини, ЕУ денеска се наоѓа пред предизвик и порачува дека секој граѓанин на Европа треба да инвестира во ЕУ, како најсилно оружје за заеднички суверенитет.

Спонзорирано: