16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

„Тотал инжинеринг“: Невистини изнесени од ВМРО-ДПМНЕ

Од фирмата „Тотал инжинеринг“ целосно ги демантираат обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека нема никаков скандал, ниту било каква незаконитост во работата на „Тотал инжинеринг“.

„Договорот со Владата на Република Македонија за детаљни геолошки истражувања „Тотал инжинеринг“ го има потпишано пред три години, односно во 2015 година. Во тоа време премиер на владата беше Никола Груевски, тогашен претседател токму на ВМРО-ДПМНЕ. Во согласност со законската постапка, која е идетнична за сите, врз основа на тој договор „Тотал инжинеринг“ ја продолжува процедурата што завршува во април 2018 година. Имаме проект и елаборат за извршени геолошки истражувања, имаме ревизиска клаузула на проектот од страна на Геолошкиот завод на РМ, сè тоа во време кога институциите беа раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од „Тотал инжинеринг“.

Како што додаваат од фирмата, исполнети се сите законски и правни регулативи од страна на „Тотал инжинеринг“ и затоа, според нив, е добиена концесијата кога се добиени позитивни мислења од сите надлежни институции.

„Целосно непотребно ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја дефокусира јавноста. Треба да знаат дека целосно се прочитани и да престанат со овие смешни прес-конференции. Фирмата „Тотал инжинериг“ веќе неколкупати јавно ги охрабрува надлежните институции, како и сите невладини организации што се занимаваат со борба против корупцијата, детаљно да ги истражуваат измислените случаи на ВМРО-ДПМНЕ и да соопштат за наодите“, се додава во соопштението на фирмата.

Спонзорирано: