17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран го обвинува Израел дека им помага на терористите во Сирија

Тел Авив испрати писмо до Обединетите нации, во кое го обвинува Техеран за помагање на терористичките групи во Сирија. Писмото е испратено до генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Односите меѓу Израел и Иран драматично се влошија кога израелските воени сили лансираа десетици ракети врз наводни ирански цели во Сирија, а писмото на Техеран во ОН се очекува да ги зголеми тензиите, оценува „Спутник“.

„Израелското несовесно дејствување во овој случај, само им помогна на терористичките групи во Сирија. Навистина има доволно докази за израелската поддршка на овие терористички групи… и овој инцидент јасно ја демонстрира својата деструктивна политика во помагањето на тие групи со цел дестабилизација на регионот“, пишува во писмото иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Голамали Хошро.

Документот, наводно, се однесува на февруската ескалација кога еден израелски хеликоптер изврши напад над иранско беспилотно летало, кое преминало на израелската Голанска Висорамнина.

Претставникот на ОН, наводно, тврдел дека беспилотното летало, летајќи во близина на границата со Јордан и окупираните палестински територии, било на извидничка мисија и внимателно ги следело исламистичките движења во областа.

Спонзорирано: