14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Стоилковски: Владата да го раскине договорот со Хоџа

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара договорот од Владата за ангажирање на Џезаир Шаќири – Хоџа веднаш да биде раскинат. Како што рече портпаролот на партијата, Наум Стоилковски, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана не смеат да му даваат никакви информации на новиот советник на Зоран Заев за безбедност и борба против радикализам.

„Зоран Заев и Џезаир Шакири, таканаречен командант Хоџа, може да се политички истомисленици и да имаат сличен начин на дејствување, но Хоџа никако не смее да дојде во допир со информации околу поставеноста на специјалните единици, бројноста и особено не смее да дојде во допир со податоци за припадниците на овие единици. Секоја ваква информација до Хоџа со ваков тип информации може да претставува сериозен ризик по безбедносните структури, исто како што се сомнителни и мотивите на информациите кои Хоџа би му ги давал на Заев“, рече Стоилковски.

Тој прашува со какви информации за вооружени групи располага Хоџа и зошто досега ги криел од безбедносните органи? „Каде е оружјето на групата која го држела Танушевци пред тој да му го oслободи на Заев и каде се нејзините членови? Истражните органи не смее да ги игнорираат овие јавни признанија на човекот кој што е на црната листа на САД. Тие мора да го повикаат на разговор и да поведат сериозна истрага“, рече тој.