23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Официјален претставник на СДФ тврди дека САД формирале база во сирискиот град Манбиџ

Американските сили формираа нова база во Манбиџ во северна Сирија пред околу три месеци откако турската војска се закани дека ќе влезе во градот, пренесе официјалниот претставник на силите поддржани од САД.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во неколку наврати се закани дека ќе испрати војници во Манбиџ откако тие ја протераа сириската курдска ЈПГ сили од западниот регион Африн во март.

Анкара смета дека ЈПГ е фракција на забранетата курдска партија ПКК, која со децении креваше бунтови во Турција. Турција е бесна што нејзиниот НАТО-сојузник САД, ја поддржува оваа партија во Сирија.

Новиот гарнизон е исто така составен од француски војници, пренесе Шарфан Дарвиш, портпарол на воениот совет на Манбиџ на Сириските демократски сили, кој е предводен од ЈПГ.

Американските и француските сили патролираат на фронтот помеѓу СДФ и бунтовниците поддржани од Турција, а базата беше формирана кратко откако Турција го почна нападот врз регионот Африн, изјави Дарвиш.

„По турскиот напад на Африн и зголемувањето на турските закани кон Манбиџ, коалициските сили ја изградија оваа база за следење и заштита на границата“, Дарвиш изјави.

Коалицијата предводена од САД, која се бори против милитантите од Исламска држава во Сирија, заедно со СДФ, одби да даде коментар на изјавата на Дарвиш.