23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен потрес од 6.2 степени според рихтер

Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди денеска северниот дел на Авганистан, објави Геолошката служба на САД.

Земјотресот што го почувствувале и жителите на дел од Пакистан се случил во планинскиот регион Хиндукуш, во близина на границата на Таџикистан, а жариштето било на голема длабочина – 111 километри под земјината површина.

Пријави на штети засега нема. На потресот му претходел уште еден малку послаб.

Граѓаните истрчале надвор од своите домови и продавниците, а агенцијата АФП пренесе дека нејзините новинари во Кабул почувствувале дека земјата вибрира цела минута во текот на вториот, посилен земјотрес.

Земјотресите со магнитуда од 6,0 до 6,9 велгуваат во категоријата силни земјотреси. Може да оштетат добро изградени објекти и да ги разурнат лошо изградените. Земјотрес со ваква јачина може да се почувствува на стотици километри од епицентарот. Во светот годишно се случуваат од 100 до 150 земјотреси со ваква магнитуда.