16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Димитри Медведев повторно избран за премиер на Русија

Рускиот парламент повторно го изгласа Дмитри Медведев за премиер на државата, пренесува „Вашингтон пост“.

Медведев беше номиниран за премиер од страна на Владимир Путин, кој по четвртипат е избран за претседател на Русија. Путин потпиша декрет со кој Медведев формално е поставен на позицијата по гласањето во парламентот.

Медведев е премиер од 2012, по завршувањето на својот четиригодишен мандат како руски претседател, додека Путин во тој период беше на позицијата премиер поради лимитот на мандати.

Од Медведев се очекува да направи измени во актуелната постава на заменици премиери и министри, но сè уште не е познато кога тие измени ќе бидат најавени.

Како премиер Медведев ќе биде одговорен за имплементација на амбициозните планови за развојот на Русија кои Путин ги најави во својата инаугурација. Плановите ќе се фокусираат на зајакнување на технологијата и извозот на земјоделски продукти со цел пораст на руската економија, која во моментов во голема мера зависи од извозот на нафта и гас.

Путин изјави дека планира Русија да стане една од петте економски најсилни земји до 2024, односно при крајот на неговиот најнов мандат.

Спонзорирано: