14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Гостиварец ги натепал родителите со тупаници

Триесетгодишен маж од Гостивар ноќеска почнал вербална расправија со својот татко, а потоа физички ги нападнал двајцата родители, повеќепати удирајќи ги со тупаници по главите и телата.

Таткото Џ.М.(61) пријавил семејно насилство, по што полицијата го привела и задржала во Полициската станица Гостивар. Се работи на целосно расчистување на случајот.