10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев на распит во кривичниот суд за „Поткуп“

Во кривичниот суд во Скопје попладнево продолжува судското рочиште за предметот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев. За денешното судење, закажан е распит на Заев и изведување докази на неговите адвокати. Тие на претходното рочиште се откажаа од испитување тројца сведоци и докази бидејќи, како што рече Заев по рочиштето, „сè се гледа и сè е јасно“.

Тој посочи дека го местеле за го спречат објавувањето на бомбите, а изјави и дека очекува ослободителна пресуда за предметот кој финишира.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од приближно 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште. За 15 мај е закажано уште едно рочиште.

Спонзорирано: