18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мијалков стана да се поздрави и веројатно да ми се извини, рече Љубе Бошкоски

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, се поздравил со лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, за време на денешното рочиште за случајот „Тортура“.

Бошкоски пред судот рече дека верува оти Мијалков ќе му побара прошка.

„Мијалков стана да се поздрави и веројатно да ми се извини. Ние ја имаме таа демохристијанска црта во нас, за разлика од нив“, рече Бошкоски.

Денешното судење беше одложено бидејќи третообвинетиот Новица Станковски не се појави во судот. Предметот „Тортура“ се однесува на апсењето на Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори. Обвинети се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи“, Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на едницата за апсењето на Бошкоски.

Спонзорирано: