23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Десетина повредени во сообраќајки низ Скопје

Во текот на изминатите денови (04/05 06.05.) на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 21 сообраќајни незгоди од кои 10 со телесни повреди и 11 со материјална штета.

При сообраќајните незгоди 13 лица се здобиле со лесни телесни повреди.

Санкционирани се 74 возачи поради возење со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај исклучени се 206 возачи: бидејќи 43 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, 26 биле возачи почетници, а 137 возачи заради тоа што возеле под дејство на алкохол. Покрај ова, двајца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, еден – недал првенство на минување на пешаци, десетмина возачи неправилно се престроиле, шестмина – неправилно престигнувале и тројца возачи се санкционирани затоа што некористеле заштитен шлем.

Истовремено од сообраќај се исклучени 40 возила поради тоа што биле нерегистрирани. Санкциониран е и еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 229 мандатни платни налози, додека исто така 131 возила се подигнати со “Пајак”.

Спонзорирано: