11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев во посета на Дојран

Премиерот Зоран Заев денеска ќе ја посети општина Дојран каде што ќе се вклучи и во акцијата за уредување во организација на ЗЕЛС. Потоа тој ќе присуствува и ќе има свое обраќање и на 27. меѓународен фестивал Пролетни веселби „Хид Бах Шен Фест“ што се одржува во селото Чалакли, општина Валандово.

Во 10:30 часот претседателот на Владата, Зоран Заев, ќе се сретне со градоначаликот на општина Дојран, Анго Ангов, по што заеднички ќе се вклучат во акцијата за уредување и чистење што по иницијатива на ЗЕЛС се спроведува и во Дојран.

Во 12 часот претседателот на Владата ќе присуствува и ќе има свое обраќање на меѓународниот фестивал Пролетни веселби „Хид Бах Шен Фест“ (с. Чалакли, Валандово).