3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Лидл доаѓа во регионот со десет до дваесет нови маркети, а почна да продава и нешто што овде е забрането

Германскиот трговски синџир маркети „Лидл“ почна со продажба на марихуана од домашно производство во Швајцарија. Цените се 875 денари за еден грам или за три грама канабис од стакленик треба да издвоите 970 денари.

Според британскиот весник „Гардијан”, популарниот трговски синџир ги искористи измените на законот од 2011 година, според кој полнолетните граѓани на Швајцарија можат да купат канабис со помалку од 1 отсто THC.

Дистрибутерот на канабис, швајцарската компанија The Botanicals, ја одгледува марихуаната во затворен простор со помош на полуавтоматизирани стакленици. Тие велат дека се потпираат исклучиво на одржливо производство и не додаваат хемикалии ниту синтетички или генетски модифицирани супстанци.

Инаку Лидл најави и оперативното делување во соседна Србија што ќе почне наскоро со отворање помеѓу 10 и 20 продавнци. Дали познатиот маркет ќе дојде и во Македонија, засега е непознато.

Спонзорирано: