26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Трамп: Ако некој мисли да го забрани оружјето, нека ги забрани и камионите и комбињата

Ако некој мисли да го забрани оружјето, тогаш нека ги забрани и камионите и комбињата кои сега се ново оружје на терористите, рече американскиот претседател, Доналд Трамп, во неговото обраќање пред NRA (National Rifle Association). Тој наведе дека огненото оружје би можело да ги запре терористичките напади во Париз што се случија пред повеќе од две години.

„Само некој од вработените да имал оружје…или еден човек во просторијата да имал, напаѓачите би биле запрени. Терористите би избегале или би биле застрелани и тогаш приказната би била сосема поинаква“, наведе Трамп.

Во серијата напади во Париз во ноември 2015 година беа убиени 130 луѓе. Најголем број жртви имаше во нападот во концертната сала „Батаклан“.

„Никој немал оружје во Париз, никој, и сите се сеќаваме на 130-те жртви, плус огромен број на луѓе кои се ранети. Умреа во ресторан и на други места. Брутално ги уби мала група терористи која имала оружје. Имале време и ги убивале еден по еден“, рече Трамп.

Тој потоа симулира редење на жртвите и нивно убивање. „Бум, дојди тука. Бум, дојди тука. Бум, тојди тука“, рече Трамп, додека со раката симулира пукање со пиштол.