26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Облачен ден со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град. Минималните температури ќе се движат од 7 до 15 степени, а максималните од 23 до 30 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе се движат од 12 до 29 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Поизразена нестабилност ќе има и в недела, кога локално повторно ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град.