11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јандроковиќ: Имаме попаметна работа од тоа да се расправаме со Дачиќ

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, изјави дека Хрватска нема намера да продолжи да полемизира со Србија.

Тој рече дека имаат попаметна работа од расправање со шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ.

„Им подадовме рака, но тие во моментот не се подготвени за тоа ниво на соработка што е неопходно за развој на позитивни добрососедски односи. Хрватска нема причина да продолжи со полемиката бидејќи не е корисна и треба да се насочи кон работи што се важни за луѓето во земјата. Како што реков, имаме попаметна работа од расправање со Дачиќ“, изјави Јандроковиќ по повод изјавата на шефот на српската дипломатија дека во Загреб ќе ги испрати имињата на 20.000 деца што се жртви од Јасеновац и други концентрациони логори во Хрватска.

Јандроковиќ пред новинарите рече дека политиката на Србија секогаш е провокаторска, а Хрватска ќе ја избегне бидејќи како членка на НАТО и ЕУ има други приоритети.

Спонзорирано: