12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Медиумите се важен дел од секое современо општество и еден од клучните инструменти за демократизација

Владејачката партија СДСМ го честита Светскиот ден на слободата на медиумите и се обврзува да работи на дополнително унапредување на медиумските слободи.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упатува честитки до новинарите, снимателите, фоторепортерите и сите медиумски работници во Македонија. Нека е честит 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиумите! Истовремено, СДСМ се обврзува да продолжи да работи на подобрување на условите за медиумските работници и развивање на медиумските слободи согласно демократските стандарди и европските практики.

Медиумите се важен дел од секое современо општество и еден од клучните инструменти за демократизација, едукација и отчетност во секоја држава.
Сите може да бидат горди што го одбележуваме овој ден во слободна и демократска Република Македонија, земја што ги дели европските вредности и чекори на европскиот пат.

Новиот пристап на професионализација на институциите и градењето партнерски однос со медиумите, ослободени од било какви политички притисоци, ја гарантираат слободата на говор и ја унапредуваат транспарентноста. Разбираме дека е потребно унапредување на условите за работа на медиумските работници и достигнување на што повисоки стандарди во медиумските слободи. Се обврзуваме тоа да го постигнеме заедно.

Македонија и нејзините граѓаните заслужуваат професионално и одговорно новинарство, заштитено од притисоци, со задоволни новинари и медиумски работници кои слободно создаваат“ се вели во соопштението на партијата.

Спонзорирано: