17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата ги утврди стратешките приоритети за следната година

Во рамки на денешната владина седница, беше прифатена редлог – одлуката со која се утврдуваат стратешките приоритети во работењето на Владата за 2019-та година.

Дел од нив се развојот на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните, членството на Македонија во НАТО и ЕУ, како и борбата со организираниот криминал и корупцијата.

Владината прес-служба, меѓу усвоените приоритети ги издвои и јакнењето на владеењето на правото, преку непристрасно и недискриминирачко спроведување на законите, изградбата на независни институции и функционален систем на локална самоуправа, како и реформите во образованието и инвестирањето во иновации и информатичка технологија.

Владини приоритети за в година, ќе бидат и реформите во правосудството, целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и градење на граѓанска држава и етничка кохезија, соопшти владината прес-служба.

Спонзорирано: