17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Данев: Со покачувањето на акцизата 20 пати се намали животниот стандард на граѓаните

Граѓаните на Република Македонија денеска по којзнае кој пат беа сведоци дека пратениците на владејачкото мнозинство на чело со СДСМ уште еднаш ги ставија во преден план партиските и личните интереси наспроти интересите на граѓаните, изјави Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ во прес-центарот на Собранието на Република Македонија.

„Иницијативата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за намалување на акцизата 3 денари, односно враќање на акацизата за дизел-горивото во првобитна состојба како пред 1 јануари годинава, со што треба да се растоварат трошоците за индустријата, стопанстовто и за сите граѓани, беше одбиена од собраниското мнозинство. Кога власта беше опозиција, ветуваше живот, а само една година откако е на власт, дојде живот, но дојде доста поскап живот“, рече Данев.

Тој апелира до пратениците од владејачкото мнозинство по гласањето против овој закон да се поднесе по скратена постапка, сепак да ги стават интересите на граѓаните пред партиските и при редовната процедура на носење да го поддржат законот и, како што рече, на тој начин да влијаат на квалитетот на живот на граѓаните.

„Бројките велат дека зголемувањето на акцизата само индустријата ја чини речиси 5,5 милиони евра, а транспортот го чини фантастични 32 милиона евра. Доколку ги споредиме оние закони, со кои се укина радиодифузната такса и се воведе евтината тарифа за струјата во споредба со ова покачување на акцизата, ќе видиме дека граѓаните се сериозно измамени затоа што само со покачување на акцизата 20 пати се намалил нивниот животен стандард“, изјави Данев.

Тој изрази надеж дека во индина интересот на граѓаните ќе биде ставен пред сè, иако, како што рече, денеска пратениците од владејачкото мнозинство не покажале таква волја.

Спонзорирано: