Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп сам го напишал писмото за неговата здравствена состојба во 2015 година, тврди неговиот поранешен доктор

Поранешниот лекар на Доналд Трамп изјави дека тој не го напишал писмото за зачудувачки одличната здравствена состојба на тогашниот републикански кандидат за претседател во 2015 година, објави Си-Ен-Ен.

“Трамп го диктираше целото писмо”, изјавил Харолд Борнштајн за Си-Ен-Ен.

Белата куќа се уште не ги коментирала наводите на лекарот.

Борнштајн, исто така, рекол дека телохранителот на Трамп извршил рација во неговата канцеларија во февруари 2017 година и ги отстранил сите медицински досиеја на Трамп.

Во интервју за Си-Ен-Ен, доктор Борнштајн изјавил дека во писмото од 2015 година, во кое се укажува дека Трамп е најздравиот човек кој некогаш бил избран за претседател, не е негова професионална проценка.

Не е јасно зошто Борнштајн ги открива овие наводи токму сега.

Спонзорирано: